Брестовац ги суспендирани Дупјачанец и Велковски
Двајцата дебитанти во македонската ракометна репрезентација Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски поради недисциплина добија суспензија од тренерот Данило Бресотвац, кој во отсуство на селекторот Ивица Обрван на почетокот од подготовките ги води тренинзите на репрезентацијата пред Европското првенство во Полска.
Двајцата ракометари не се појавиле на заедничкиот појадок, а потоа со задоцнување се појавиле на утринскиот тренинг. Откако пристигнале во салата Брестовац побарал да ја напуштат салата и подготовките на репрезентацијата.
Селекторот Обрван (отсутен е од лични причини) на подготовкте треба да се приклучи на 27.декември (недела), кога најверојатно ќе се знае што понатаму со Дупјачанец и Велковски.
Репрезентацијата во комплетен состав треба да тренира од 29.декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа