Гвардиола во Сити за вртоглава сума

 

Шпанскиот фудбалски тренер Пеп Гвардиола договорил премин во Манчестер Сити на крајот на сезоната со заработка на годишно ниво од неверојатни 25 милиони евра.

Гвардиола со овој износ ќе стане најплатениот тренерот во светот, пишува добро информираниот германски весник Билд.

Клучната личност во трансферот на Гвардиола во Сити бил спортскиот директор на „Граѓаните“ кој е близок пријател со Шпанецот.

Минатиот викенд Гвардиола потврди дека идното лето, кога му истекува договорот ќе го напушти баварскиот клуб, а на негово место ќе дојде Карло Анчелоти.

 
 
24.12.2015 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега