Трајановски: Градот со задоволство ќе се грижи за спомениците од „Скопје 2014“

 

Доколку Општина Центар одлучи да се откаже, Градот Скопје ќе ја преземе обврската за чување, одржување и заштита на спомениците и објектите од „Скопје 2014“.

-Доколку Центар ја донесе таа одлука, Градот Скопје ќе ја преземе обврската за одржување на фонтаните, на мостовите, на спомениците, бидејќи тие се на површина која е во надлежност на Градот. Така да, Град Скопје со задоволство ќе ја преземе таа обврска, изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот на општината Андреј Жерновски ја предложи точката - надлежноста над објектите од „Скопје 2014“ да ја има Градот Скопје. Советничката група од ВМРО-ДПМНЕ побара образложение за ваквиот предлог, но, најавија дека нема да се противат на истиот.

најчитано сега