Македонија ја победи Молдавија и е на чекор до историски успех
Македонската футсал репрезентација ја победи Молдавија со 5:2 на квалификацискиот турнир во Бари и е на чекор до пласман во баражите за пласман на Светското првенство во Колумбија.
Избраниците на селекторот Васко Скендеровски славеа вторпат во својата група и стигнаа до шест бода, со што сега се на делба на првата позиција со домаќинот Италија кој вечерва игра против Словачка која мора да оди на победа за да ги задржи своите шанси.
Петровиќ го отвори резултатот во 12. минута, Леовски зголеми четири минути подоцна, а во второто полувреме уште во првата минута Глигоров зголеми на високи 3:0. Молдавците во продолжение ја намалија предноста во 25. минута за 3:1, Мицевски и Де Соуза зголемија на 1:5, а во финишот Лашку ги постави конечните 2:5.
Со оваа победа Македонија заработи заслужена пол позиција во пресрет на последниот натпревар во оваа квалификациска група и само големо изненадување на дуелот Италија-Словачка може да го спречи остварувањето на историскиот успех и место во баражот каде ќе очекуваме уште еден квалитетен противник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа