Почина македонската фудбалска легенда
Денеска по кратко боледување почина Љубчо Матевски, долгогодишниот директор на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров, објави спортскиот портал Спортмедиа.
Матевски речиси целиот свој живот му го посвети на фудбалот и на клубот Македонија Ѓорче Петров, каде работеше 35 години. Тој беше инволвиран во сите успеси и падови на клубот, но секогаш макотрпно работеше да го врати онаму каде што припаѓа, а тоа е на врвот.
Секогаш присутен на речиси сите натпревари на „лавовите” било во Четвртата лига, Првата лига, при освојувањето на Купот и шампионската титула, до натпреварите кога Македонија Ѓорче Петров го претставуваше македонскиот клупски фудбал во европските купови како Интертото купот, УЕФА купот и квалификациите за Лигата на шампиони.
Како прв оперативец на клубот беше задолжен за трансферите, ангажирањето тренери и регрутирањето млади таленти, по која е позната фудбалската школа на Македонија Ѓорче Петров. Фудбалски работник, кој сигурно ќе му недостига на својот еден и единствен клуб, но и на македонскиот фудбал воопшто, објавиСпортмедиа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа