Кога се родил тежел само 455 грама - 10 работи кои не сте ги знаеле за Тајсон Фјури
Британскиот боксер Тајсон Фјури стана светска сензација, откако го победи Украинецот Владимир Кличко во мечот за светската титула во тешка категорија. Тој со оваа победа стигна до скор од 25 победи во исто токлу борби во рингот, но покрај одличните спортски резултати, познат е и по своето бурно и интересно минато.
Ова се десетте работи кои сигурно не сте ги знаеле за него:
2. Фјури е роден три месеци предвреме и бил тежок само 455 грама, а денеска е висок 206 сантиметри и тежи 120 килограми.
3. Тој го добил името по славниот боксерски шампион Мајк Тајсон, што е очекувано, бидејќи кога се родил во 1988 година, "Челичниот Мајк", беше во врвот од својата кариера.
4. Својата сопруга Парис ја запозна на венчавката на својот најдобар пријател, кога двајцата имаа по 15 години. Заедно се од својата 16-та година, а во брак се шест години.
5. Двојката има петгодишна ќерка Венецуела и тригодишен син Принц. Во нивна чест на мечот со Кличко носеше маица со натпис со нивните имиња.
6. На пресконференцијата на Кличко во септември годинава, Фјури се појави заедно со својот пријател маскиран во Бетмен и неговиот пријател Робин.
7. Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кинг и Ерик Кантона го инспирираа да биде агресивен и да се издвои од останатите.
8. Тајсон страда од депресија, но вели дека се чувствува среќен и задоволен кога боксува и кога е во центарот на вниманието во јавноста.
9. Неговите омилени филмови се Троја, Гладијатор и стариот хит со Џон Вејн "Мирниот човек".
10. Таткото на Тајсон, Џон е осуден на 11 години затвор по тепачка на аукција на олдтајмери, на која на еден човек му го повреди окото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа