Пол-позицијата во Абу Даби за Розберг
Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, ќе стартува од пол позицијата на последната трка во Формула 1 шампионатот за оваа година, што утре ќе се вози во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.
Германецот извозе најбрз круг во денешните квалификации со време 1:40.237 минути.
За Розберг ова е шеста пол позиција по ред и вкупно седма оваа сезона.
Од првиот стартен ред, до Розберг ќе тргне неговиот клупски колега Луис Хамилтон, кој зад клупскиот колега доцнеше повеќе од три десетинки.
Вториот ред на главната трка ќе го сочинуваат Кими Раиконен од Ферари и Серхио Перез од Форс Индија.
Од петтата до десеттата стартна позиција се пласираа: Даниел Рикардо (Ред Бул), Валтери Ботас (Вилијамс), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Фелипе Маса (Вилијамс), Данил Квјат (Ред Бул) и Карлос Саинц (Торо Росо).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа