Викендов ќе ечи музика во Кисела Вода
Забавна и традиционална македонска музика ќе понуди културното лето “Бранувано Културно Три круши 2013-то лето” престојниот викенд, информираат од општина Кисела Вода. Од општината информираат дека утре вечер, на верско-рекреативниот центар “Три круши” во Драчево, со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи групата “Фортуна”.
Во сабота пак, во паркот “Шопен” во истиот термин концерт ќе одржи Драган Даутовски квартет.
Влезот за граѓаните е отворен, информираат од Кисела Вода.