Еден наивен и еден екстремно безобразен - двајца битолчани се скараа за 4 тони полжави
48 годишниот битолчанец П.Ч. итро си заработил еден куп пари.
Од полицијата информираат дека во текот на 2011 година, П.Ч. го натерал А.К. да купи расад за полжави од неговата фирма за 5.000 евра и да ги одгледа полжавите, ветувајќи му дека по некое време ќе ги откупи од него и ќе му ја исплати откупената роба по цена од 2.6 евра по килограм.
А.К. го послушал итрецот, купил од него четири тони полжави и сеуште не видел ни денар. Според МВР, П.Ч. ја оштетил својата жртва за 15.400 евра.