Николоски: Ќе ги реконструираме граничните премини Дојран и Меџитлија
Коридорот 10 е коридор кој не може да биде заобиколен иако многумина сакаат да биде заобиколен. Јас од првиот ден зборувам за изградба на брза пруга, затоа што сакам да избегнам заобиколување на Македoнија и доколку ја изградиме може да генерираме огромни економски бенефити од истата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој потенцираше дека во моментов се работи на неколку проекти кои ќе го забрзаат протокот на добра и патници на граничните премини.
“ Во однос протокот на границите работиме на два проекти, едниот е “new single window” – што значи дека за сите оние што се занимаваат со товарен превоз ќе има само една проверка на документи. Тие што го работат ова многу добро знаат за што зборувам сега бидејќи сега се оди по десетици шалтери на граничните премини и на тој начин камионскиот превоз ќе се забрза и дополнително се воведува и зелена лента. Во однос на патничкиот превоз, веќе со Србија имаме “one stop shop” каде што на едно место се врши проверка на документи. Претходно беше нејавен но не функционираше, истото го договоривме и со Косово бидејќи и Косово е дел од коридор 10, а со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу крaтко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални. И друга работа значајна за коридор 10 д, е тоа што работиме на експресниот пат Градско Прилеп кој веќе е при крај, почнавме да градиме автопат Прилеп – Битола што значи дека и тој дел на јужно поврзување ќе се отвори”- истакна вицепремиерот Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа