Федерер призна: Сакам да бидам како Новак
Звучи неверојатно, но Роџер Федерер призна дека сака да биде како Новак Ѓоковиќ. Третиот тенисер во светот во интервју за швајцарски весник призна дека е свесен дека пред него не остануваат уште многу сезони.
„Помалку сум и изненаден како играм на 34 години. Штета што стареам и што не ми остана премногу време за големи дела, бидејќи го сакам тенисот и уживам во тоа што го правам. Ќе се трудам така да биде и во наредните сезони. Играв како сакав, па се надевам дека ќе продолжам во тој стил“, изјави Федерер.
„Сон ми е да имам сезона каква што имаше Новак, или како што играв во најдобрите денови. Реален сум и знам што е можно. Мора да се сконцентрирам на неколку цели. Не сум веќе во годините за да можам да играм и по 30 турнири. Мора да внимавам на здравјето“, рече Федерер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа