Измамен битолчанец остана и без кучиња и без пари

 

Итар битолчанец измамил свој сограѓанин и успеал да му земе 37.400 денари.

Се работи за 25-годишниот А.П. кој отишол во домот на 53-годишниот сограѓанин М.Ѓ. на кој му ги украле двете кучиња кои ги поседувал. Младиот битолчанец на оштетениот му ветил дека во замена за пари ќе му помогне да си ги најде кучињата, за што М.Ѓ. му дал 37.400 денари.

Тој не го исполнил ветеното, па така М.Ѓ. сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полиција.

 

 

најчитано сега