Мицкоски се сретна со Касанов: Важна ни е поддршката од САД
Остварив средба со Александар Касанов, Помошник државен секретар на САД за Западен Балкан, напиша премиерот Христијан Мицкоски на ФБ.
Во рамки на разговорите се осврнавме на стратешките прашања од суштинско значење за Македонија, неопходната поддршка од нашиот долгогодишен стратешки партнер САД, како и на актуелните предизвици со кои се соочува нашата држава и регионот.
Европската перспектива на Македонија и нејзината активно изразена улога во рамките на НАТО претставуваат клучни приоритети во нашата стратешка визија за иднината, напиша Мицкоски на ФБ.
21.01.2025 - 18:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа