Македонија изигра нерешено против Австрија

 

Избраниците на селекторот Кире Лазаров  ја започнаа играта во Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025.

Денешниот натпревар против репрезентацијата на Австрија, македонските ракометари го завршија со резултат 29:29.

Со тоа од овој натпревар добиваме еден бод.

По неколкуте водства на Австрија во првите минути од вториот дел, Македонија во 40.минута по серија од 3:0 повторно имаше предност (18:17). На 10 минути до крајот резултатот беше нерешен 22:22. Во самиот финиш Филип Кузмановски промаши пенал при 27:27, а во следниот напад Австрија реализира за водство. Марко Митев изедначи, за на четири секунди до крајот противникот да постигне гол. Буквално во последната секунда Кузмановски погоди за конечни 29:29.

Најефикасни во македонскиот состав беа Митев со шест и Жарко Пешевски со пет гола.
На овој натпревар „Фалангата“ беше помалубројна во однос на натпреварите од групната фаза, но повторно им даваше голема поддршка на македонските ракометари.

До крајот на денот ќе се одиграат другите две средби од првото коло во Групата-2. Двојките се:

Катар – Холандија (18 часот) и
Унгарија – Франција (21 часот).

На табелата Франција е лидер со 4 бода, Унгарија и Австрија имаат по 3, Холандија и Македонија по 2, Катар е без бодови.

21.01.2025 - 17:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега