Брумен го напушта Вардар на крајот на сезоната
За десното крило Матјаж Брумен ова ќе биде последна сезона во Вардар, откако спогодбено е договорено тој предвреме да биде ослободен од обврските. Брумен имаше договор со Вардар до јуни 2017 година.
-Словенечкиот ракометар изрази желба по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона да биде слободен играч, па клубот ќе ја почитува неговата волја. За играч како Брумен секогаш има место во нашиот тим. Со својот професионален однос секогаш е пример за голем спортист и пред се човек, со кого е задоволство да се соработува. Неговиот придонесе ќе остане впишан во клупската историја на Вардар. Верувам дека и сезонава ќе успееме заедно да се радуваме на уште поголеми клупски успеси, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Од 2013 година Брумен настапува за Вардар, и екипата двапати играше во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а токму Словенецот беше дел од овој голем клупски успех.
Во „црвено-црниот“ дрес Брумен ја има освоено шампионската титула, Купот на Македонија и СЕХА лигата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа