ОБСЕ и Ивановски постигнаа договор за Законот за медиуми

 

 

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и ОБСЕ ги решиле сите отворени прашања околу нацрт-законот за медиуми кои ОБСЕ сметаше дека се пробематични. 

Ова го изјавила претставникот за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ по средбата со Ивановски и експертски тим на ОБСЕ, информираа од организацијата.

- Мојата канцеларија одблиску го следи процесот на изготвување на овој закон и многу сум задоволна што министерот ја иницираше оваа средба. Ја користам оваа можност да ги повикам новинарските здруженија во земјата итно да се вклучат во јавните консултации за нацрт-законот бидејќи нивното мислење е важно, истакнала Мијатовиќ.

Минситерот за информатичко општество, пак, изјавил дека на целодневната средба со тимот на ОБСЕ, се дискутирале повеќе одредби од нацрт-законот, кои го привлекле вниманието на пошироката јавност. Тој информира дека поголем дел од предложените измени ќе бидат вклучени во новиот нацрт-закон.

 - Успеавме да ги надминеме различните перцепции за важни членови од законот, кои ќе ја подобрат слободата на медиумите во нашата земја. Исто така, ја цениме поддршката од ОБСЕ и очекуваме соработката на тој план да продолжи, рекол Ивановски.

најчитано сега