На скопјанец му го запалија автомобилот

 

На улицата „Македонски Војски“ во Скопје, синоќа по 17 часот од страна на непознат сторител било опожарено возило “Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки. Сопственикот на возилото, 27-годишниот Ш.И. од Скопје се шокирал кога си го видел возилото на кое предниот дел му бил целосно оштетен. Повредени лица за среќа нема.

Извршен е увид на местото на настанот при што била пронајдена канта со бензин и истата била подигната и дадена за вештачење.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
21.11.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега