Хаос на скопските улици

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив шест се со материјална штета, а во шест со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и тројца пешаци.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Утре вечер поради концертот на естрадниот уметник Ѓорѓе Балашевиќ со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Од недела, 15 ноември до 15 март, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во сообраќај на пат или се движат во населени места задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

 
 
13.11.2015 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега