ВНИМАВАЈТЕ: Манијак сее страв во Аеродром - нападнати две деца
Манијак сее страв меѓу жителите на Аеродром. Како што пишува Сител, маж со качулка нападнал две различни девојчиња пред влез од зграда.
Како што напишал на Фејсбук еден револтиран родител, чие дете било нападнато, околу 18 часот во саботата непознат маж пред влезот на зградата ја нападнал неговата ќерка. Само половина час подоцна, истото лице нападнало и друго девојче од соседната зграда. Тој упати апел до сите родители.
10.11.2015 - 11:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа