Докази подигнати од куќата каде е пронајден починатиот млад радовишанец

 

По претходна пријава од дежурната служба на полицијата во  Струмица, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица вчера попладне изврши увид во куќа во Радовиш во која е пронајдено безживотно тело на 26 годишното момче. 

-По Наредба на јавниот обвинител повикан е дежурен обдуцент од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој според првичните сознанија утврдил дека се работи за насилна смрт. Од местото на настанот се земени биолошки траги и докази и по Наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција со што ќе бидат утврдени причините за смртта, информираат од обвинителството.

Починатото лице било пронајдено во текот на вчерашниот ден во куќа во Радовиш, од страна на сопственикот на куќата. ​​

 
 
06.11.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега