Битолчани фатени на дело: Шмркале кокаин во хотел
Битолчани продавале дрога пред ноќниот клуб „Расчекор“, на 2 февруари годинава.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Е.(20) за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и Ј.А.(50) за кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 2 февруари околу полноќ пред ноќниот клуб „Расчекор“ од страна на полициски службеници, бил извршен преглед на првопријавениот при што му се пронајдени 0,99 грама кокаин. По претходно добиени оперативни сознанија дека Д.Е. изнајмил соба во хотелот „Премиер центар“ на 12 март е извршен претрес при што се затекнати Б.П. и М.К. како консумираат кокаин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа