Шкендија – Вардар во четвртфиналето на купот

 

Најголемите претенденти за шампионскиот трофеј оваа сезона, екипите на Вардар и на Шкендија ќе се сретнат во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија. Денешната жрепка не се покажа поволна за водечкиот тандем во Првата лига.

Бранителот на трофејот, тимот на Работнички за противник го доби Силекс.

Извлечени парови за 1/4финалето:

Шкендија – Вардар,
Работнички – Силекс,
Младост Царев Двор – Брегалница и 
Македонија ЃП – Хоризонт Турново

Првите натпревари се играат на 25 ноември во 13 часот, а реваншите се закажани за 2 декември.

 
 
03.11.2015 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега