Караоглу: Македонија била и ќе биде грчка засекогаш!
Синоќа министерот за Македонија и Тракија Теодорос Караоглу на отворањето на собирот по повод 100 години од Букурешкиот договор изјави дека Македонија отсекогаш била и ќе биде грчка, пренесе Канал 5.
- Македонки и Македонци, македонска почва, Македонија е една и грчка, изјави синоќа Караоглу.
- Благодарение на вашата работа и на вашите напори, гласот на нашата Македонија одекнува во секој агол на планетата, паралелно испраќајќи една силна,но и јасна порака: Македонија била, е и ќе биде една и вечно грчка. Нека го имаат на ум сите оние кои инсистираат скандалозно да ја фалсификуваат историјата, обидувајќи се да присвојуваат нешто што не им припаѓа. Ние имаме одлична историја и нема потреба да ја создаваме. Имаме богата култура и не злоупотребуваме соседни земји. Многу сме горди што имаме македонско потекло, многу сме горди што сме Грци. Нашата земја работи за просперитет, мир и стабилност на Балканот и соработка во рамките на Европската унија. Оваа визија може да се реализира само доколку сите народи од Југоисточна Европа, заедно работиме напорно, за да развиеме пријателски односи, односи на меѓусебно почитување и разбирање, почитувајќи ги правилата на меѓународното право. “ – рече министерот за Македонија и Тракија, пренесе Канал 5.
Инаку од 7ми па се до 16ти јули, грчката дијаспора ќе одржи манифестации најавени како 10 дена на Македонците.
Извор и Фото: Канал 5