Натпреварот Македонија-Албанија нема да се игра во Скопје
Македонија натпреварот со Албанија за квалификациите за СП во Русија 2018 година, ќе го одигра во Струмица, наместо во Скопје, пренесува Македонски Спорт.
Македонија се најде во „Г“ групата заедно со Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн.
Според порталот, средбите на Македoнија со Албанија и Израел, неофицијално ќе се одиграат на стадионот „Младост“ во Струмица, наместо во Скопје.
Натпреварот со Израел е закажан за 6.10.2016, а со Албанија на 5.09.2017 година.
ИЗВОР: Македонски спорт
28.10.2015 - 13:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа