Погба со чудна бројка на дресот- никогаш нема да погодите што значи (ФОТО)
Еден од најталентираните светски фудбалери Пол Погба предизвика многу шпекулации, па дури и комични претпоставки на социјалните мрежи поради бројката на дресот со кој го играше натпреварот на Јувентус против Аталанта.
Покрај десетката на Французинот стоеше +5, што веднаш ги запали медиумите да шпекулираат дека на тој начин сака да се пожали за големиот притисок кој го чувствува поради носењето на дресот со број 10 кој има големо значење во редовите на Јувентус.
Сепак, италијанската агенција АНСА објави дека Погба на нејзиниот известувач му открил дека всушност не се работело за +5, туку 75, а на тој начин тој сакал да му го честита 75. роденден на легендарниот Пеле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа