Реал Мадрид со најмногу продадени дресови

 

Реал Мадрид доминира во продажбата на дресови за последнава година.

Најтрофејниот европски клуб во последната година продал 2,53 милиони дресови, а на второ место е лутиот ривал, Барселона, со 100 илјади дресови помалку (2,44).

Тоа се единствените тимови со продадени над два милиони дресови, а зад нив следат Баерн Минхен (1,97 милиони), Манечстер јунајтед (1,94), Челси (1,86), ПСЖ (1,73), Арсенал (1,45), Ливерпул (1,17) и Јувентус (1,08).

Најголем пад дури под еден милион продадени дресови има Милан (987 илјади), а тој некогаш беше меѓу најпопуларните во Европа, но лошите резултатите си го направија своето и неговата популарност драстично опадна.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега