Металург подготвен за реваншот со Баја Маре
Ракометарите на Металург во 6.коло до Лигата на шампионите во недела се домаќини на романскиот првак Баја Маре, а на претходните две гостувања Металург забележа два минимални пораза од кој еден и од неделниот противник.
На денешниот прес тренерот Лино Червар рече дека жали за двата претходни минимални пораза.
- Жалам за двата несреќно загубени натпревара. Жалам пред се за бодот од Скјерн, но 11 од нашите 16 играчи се уште млади. И покрај тоа што не ги искористивме шансите, важно е дека не се предадоа, но сепак малку ми пречи што помладите некако како да се кренаа. Тие треба да бидат поскромни и постојано да се докажуваат. Најголема опасност на дуелот за нас се нашите технички грешки, нагласи хрватскиот стратег.
Што се однесува до составот на „металурзите“ Червар информира дека Лука Марковчиќ и Јанко Божовиќ не се максимално подготвени.
Голманот Даниел Дупјачанец посакува победа и реванш за поразот во Романија.
- Ќе треба да одговориме на предизвикот и да забележиме победа и два бода, кои ќе ни бидат од големо значење во следната фаза. Победата ќе биде добредојдена по двата несреќни пораза, истакна на пресот голманот Дупјачанец.
Натпреварот Металург – Баја Маре се игра во недела од 17:30 часот во СЦ „Борис Трајковски
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа