ВИДЕО: Одлична најава за параолимписките игри во Рио
Без разлика на својот хендикеп, луѓето можат да спортуваат, да бидат еднакви со сите и да постигнуваат неверојатни резултати.
Во видеото што следува се гледа дека токму хендикепираните луѓе имаат подобри резултати од „нормалните“.Маж со една нога влегува во сала за вежбање и ја мести справата за трчање на ниво што не можат да го достигнат ниту постојаните посетители.
Слепа девојка оди на тренинг по џудо и е најдобра. Маж со низок раст, кој подигнува неверојатна тежина на „бенч-клупа“. По некое време, погледите кон нив се менуваат од збунувачки во вчудоневидувачки. Сепак, не е сè така како што изгледа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа