ВИДЕО: Лино Червар на тајм-аут - ќе те пратам дома пешки, ти ќе ми продаваш топки
Ракометниот клуб Металург го забележа вториот последователен пораз на натпреварите во Лигата на шампионите а најголема вина падна на почетничките грешки кои ги правеа младите ракометари на тимот од Автокоманда во одлучувачките моменти од мечот.
Гостувањето кај Баја Маре во Романија на крајот заврши со лесно продадена топка на Мраковчиќ во нападот кој можеше да донесе израмнување (21:20), а токму на овој сегмент од играта имаше забелешки Лино Червар уште за време на еден од првите тајм-аути.
Хрватскиот стручњак им замери на своите ракометари кои лесно ги продаваат топките, а посебно на тапет се најдоа младите Филип Кузмановски и Марко Бувиниќ на кого им се закани дека ќе ги прати пешки да си одат до Скопје…
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа