Драма во Тетово: Му дошол на работа со нож
Во 19 часот синоќа, во тетовското село Боговиње, во фирмата за авто-делови сопственост на Ш.М., додека вработениот М.Д. од истото село работел, поминал 18-годишниот Ф.Т. од Албанија, кој го соборил сообраќајниот знак, поставен од вработените во фирмата. По ова настанала расправија која кулминирала кога Ф.Т. заминал во својот дом во село Пирок, од каде земал ногарка од маса и кујнски нож и се вратил во фирмата и физички го нападнал работникот удирајќи го во пределот на грбот.
Од страна на сопственикот на фирмата, лицата биле раздвоени.
Насилникот е приведен во полициската станица Тетово.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа