11 сообраќајки во Скопје: Осуммина повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.
Од нив, три се со последица материјална штета и осум се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, двајца пешаци, двајца патници во автобус и еден велосипедист.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Оцени ја веста
20.10.2015 - 08:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа