Вештачки земјотрес ќе стресе зграда во скопско Ново Лисиче

 

По повод 50 години земјотресот во Скопје, со вештачки земјотрес научно ќе се потврдува стабилноста на десеткатна зграда во скопската општина Аеродром.

Се работи за зграда на „Адора Инженеринг“ сместена во скопската населба Ново Лисиче, во мини станбената населба „Адора“. Вештачкиот земјотрес ќе го изведат „Адора Инженеринг“ заедно со стручњаците на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија, информирааат од компанијата.

Вештачкиот земјотрес се изведува прв пат во независна Македонија и неговата цел е научно да се потврдат докажаната асеизмичка стабилност и сигурност на елитните станбено-деловни објекти на „Адора инженеринг“.

најчитано сега