УЕФА го одбра најдобриот тим во квалификациите за ЕУРО 2016

 

Еден ден по завршувањето на квалификацискиот циклус за ЕУРО 2016 во Франција, УЕФА го избра „дрим-тимот“ на овие квалификации.

Тибо Куртоа (Белгија) на голот го предводи списокот, во одбраната се Матео Дармиан (Италија), Ешли Вилијамс (Велс), Тим Кејхил (Англија) и Разван Рат (Романија), средниот ред го сочинуваат Давид Алаба (Австрија), Стивен Дејвис (С.Ирска) и Гилфи Сигурдсон (Исланд), а во нападот се Томас Милер (Германија), Роберт Левандовски (Полска) и Герет Бејл (Велс).

На резервната клупа се најдоа: Татарашану (Романија), Алба (Шпанија), Глик (Полска), Хамшик (Словачка), Перишиќ (Хрватска), Де Бруин (Белгија) и Цуба (Русија).

 

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега