Кире Лазаров: Меси е многу подобар од Роналдо!

 

Шпански „Мундо Депортиво“ направи интервју со капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров. Десниот бек говореше изјави дека не постојат млади и стари играчи, туку добри и лоши, за заминувањата на Карабатиќ и Рутенка од Барселона, за целите на каталонците кои вечерва можат да постават нов рекорд во АСОБАЛ лигата, но и за интересни, помалку познати работи за тоа зошто се решил да го земе дресот со број 77 и за тоа на кои два големи спортски имиња тој им се восхитува, пренесува Дерби.мк.

– Пред ракомет играв кошарка. Тони Кукоч ми беше идол и поради него носам седмица. Во Барселона не можев да ја носам дресот со број седум и затоа се решив за 77. Навистина ми се допаѓаше стилот на игра на Кукоч и начинот на кој се однесуваше, постинуваше многу поени и бележеше многу асистенции, – вели Лазаров.

И сега додека е на врвот од својата кариера, тој им се восхитува на спортските великани ширум планетава.

– Новак Ѓоковиќ и Лионел Меси пак се играчите на кои многу им се восхитувам. Ѓоковиќ е победник, голем шампион, никогаш не се предава. Меси пак е најдобриот фудбалер на светот. Не се разбирам многу во фудбал, но тој е многу подобар од Кристијано Роналдо, – тврди македонскиот ракометар.

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега