По Блатер, суспендиран и Платини!

 

Откако го суспендира Сеп Блатер, Етичкиот комитет на ФИФА ги суспендира на 90 дена претседателот на УЕФА Мишел Платини и генералниот секретар на ФИФА Жером Валке.

Суспензијата на овој комитет, кој ги истражува сомнижите против тројцата највисоки функционери во светскиот фудбал за корупција, се однесува на забрана за извршување какви било функции во фудалската организација.

Комитетот му изрече и шестмесечна суспензија на Јужнокореанецот Чунг Монг Јун.

Сите тројцата ги отфрлаат обвинувањата за вмешаност во корупција.

Чунг и Платини, ги најавија своите кандидатури за претседателката функција во ФИФА, по оставката што ја соопшти Блатер на почетокот од јуни, само четири денови по неговиот пети, едно по друго избор на оваа функција.

Сеп Блатер (79) е обвинет за потпишување договор, кој е означен како „неповолен“ за ФИФА, како и за спроведената „нелојална исплата“ на актуелниот претседател на УЕФА, Мишел Платини.

Блатер тврди дека не сторил ништо лошо и спротивно на прописите, додека неговите адвокати изјавија дека не бил воопшто информиран за ниту една од акциите во и надвор од организацијата.

Платини (60) тврди дека исплатата за која е обвинет актуелниот претседател на ФИФА била „легална компензација“ за неговото деветгодишно работење со Сеп Блатер.

Станува збор за два милиони швајцарски франци, кои на Платини му биле исплатени во 2011 година, Поранешната ѕвезда на францускиот фудбал потврди дека бил сослушуван за оваа исплата, но само како сведок, а не и како осомничен.

„Неповолниот“ договор за кој е обвинет Блатер се однесува на договорот меѓу ФИФА и Џек Ворнер, поранешен претседател на Конкакаф (Фудбалска асоцијација на земјите од Северна и Централна Америка и Карибите) од 2005 година, за телевизиските права за преноси од фудбалски натпревари.

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега