ДУИ: Ние не сме за предвремени избори
Декомратската унија за интеграција е е заинтересирана за избори. Ова во изјава за Алсат го кажа шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Артан Груби.
Демократската унија за интеграција е дел од Владата и од владејачката коалиција и тоа како резултат на последните парламентарни избори, каде ја доби апсолутната доверба на албанската заедница во Република Македонија. Затоа ние сме посветени во спроведувањето на програмата со која ја добивме довербата на последните избори. Затоа, верувам дека сите разлики треба да се надминат со компромис и дијалог, но треба да се знае дека истовремено ДУИ и ВМРО ДПМНЕ се таму, како претставници на двете државотворни заедници во Македонија - рече Груби.
ДУИ смета дека коалицијата има огромен легитимитет и дека предвремени избори не се потребни