ВИДЕО: Шекеринска го демантираше Заев

 

Во рамките на хајката која ја покренаа СДСМ и нивните медиумски партнери во врска со поднесувањето на т.н. „закон за бомбите“, главната теза на нивниот лидер беше дека СДСМ и пратениците на опозицијата биле затечени и шокирани од поднесениот закон, односно кажано со негови точни зборови „законот бил комплетно изненадување за сите“.

Поднесувачот на законот Талат Џафери неколку пати после настанувањето на фамата околу законот кој опозициските мегафони го квалификуваа како „цензорски“ изјави дека не е точно дека опозиционерите не биле запознати со текстот на законот и дека лично тој им го поделил пред две недели.

Мистеријата ја разреши потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска која синоќа во интервју призна дека законот пратениците на СДСМ го имале во свои раце уште пред две недели, но дека нивниот молк околу текстот не значел и негово одобрување.

Конечно, можни се две сценарија: или Зоран Заев навистина не знаел за законот бидејќи од партија не му кажуваат вакви работи или Зоран Заев лаже дека бил изненаден, а Шекеринска не се мислеше ниту секунда за да го делегитимира зборот на нејзиниот претседател, можеби свесно минирајќи му го кредибилитетот

Борба за моќ во СДСМ или некои луѓе од врвот не се доволно важни за да бидат известени за важни работи за државата? Проценете сами:

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега