ФФМ и репрезентативците со поддршка за Адеми
Фудбалската федерација на Македонија и репрезентативците му дадоа целосна поддршка на Аријан Адеми кон кого вчера Европската фудбалска федерација отвори истрага со обвинение за користење допинг. Адеми падна на допинг-тес направен по мечот на Динамо - Арсенал во Лигата на шампионите одигран во Загреб и сега ги очекува резултатите од Б-тестот.
- ФФМ, стручниот штаб и целиот состав на репрезентацијата му изразува целосна поддршка на фудбалерот кој во изминатиот период ги потврди своите човечки и спортски вредности секогаш ставајќи се во функција на репрезентацијата како вистински професионалец. До завршување на постапката која УЕФА ја отвори вчера не смее да коментираме дополнително, изјави портпаролот на ФФМ Златко Андоновски.
Колегата на Адеми од националната селекција, Ванче Шиков ја повтори поддршката во име на сите репрезентативци.
- Вчера на сите ни дојде како шок веста за допингот на Адеми. Дај Боже овој Б-тест да биде негативен и за следните натпревари да го имаме и него со нас, рече Шиков на денешната прес-конференција во пресрет на дуелот со Украина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа