Вардар против Барселона на 14 ноември
Барселона го одреди терминот на одигрување на натпреварот против Вардар во ракометната Лига на шампиони. Мечот кој ќе носи значајни бодови во борбата за првата позиција е закажан за 14 ноември, во 19:30 часот.
Тоа ќе биде натпревар од 7. коло во групата Б, а дотогаш Вардар има шанса дополнително да го зацврсти водството на табелата, во натпреварите со Рајн-Некар (в сабота), Колдинг (18 октомври) и против Кјелце (24 октомври).
Откако „црвено-црните“ ќе гостуваат во „Палау Блауграна“ на 14 ноември, следниот викенд после тоа Барселона ќе дојде во Скопје, на 22 ноември, за возвратниот натпревар, во 8. коло.
Во моментов Вардар води во групата Б со шест бода, еден повеќе од Рајн-Некар и два повеќе од Барселона.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа