Еди Рама се извини за каменувањето на автобусот на српските фудбалери

 

Премиерот на Албанија, Еди Рама се извини поради каменувањето на автобусот на репрезентацијата на Србија и апелираше да победи пристојноста.

Албанскиот премиеро извинувањето го упати во текот на разговорот со група студенти од Србија и министерот за образование Срѓан Вербиќ.

-Познато е дека на мечевите соседите се обидуваат еден на друг да си ги извадат очите, но важно е Албанија да победи. Министерот Вербиќ ќе каже важно е Србија да победи. Но, според мене најважно е да победи пристојноста која заедно ја претставуваме, рече Рама.

Изразувајќи жалење, за како што рече, тоа што еден тинејџер од 14-15 години синоќа со еден камен го погодил автобусот на Србија, Рама потенцираше дека тоа е доказ дека уште многу треба да се направи бидејќи старата генерација со себе носи омраза кон промените и носи опасност од национализам.

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега