На Адеми му се заканува двегодишна суспензија?

 

Македонскиот репрезентативец Арјан Адеми бил позитивен на допинг тест, а УЕФА ја информираше ФФМ, но и Динамо Загреб дека покренува дисциплинска постапка.

Динамо Загреб  нема потреба да стравува бидејќи, според правилата доколку повеќе од еден фудбалер во текот на една сезона во ЛШ биде позитивен на допинг тест, тогаш на клубот му се одземаат бодовите и се дисквалификува.

Во овој случај само Адеми „паднал“, додека резултатите на вториот фудбалер биле негативни.

Адеми ја напушти репрезентацијата на Македонија, со која беше на подготовки за мечевите од квалификациите со Украина и Белорусија и замина за Загреб. Динамо и фудбалерот ќе бараат тест Б, а доколку и тој биде позитивен Адеми ќе добие двегодишна суспензија.

 

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега