СДСМ смени „150.000“ гласа за тројца пратеници

 

СДСМ ја продаде активната регистрација на гласачите за 3 пратеници од дијаспората. Извори од преговорите за Press24 потврдуваат дека СДСМ влегла во коалиција со ДУИ и се согласила да нема активна регистрација на гласачите, барање кое произлезе од обвинувањата на опозицијата дека на последните избори им била украдена изборната победа со тоа што на избирачкиот список имало над 150.000 фантомски гласачи. 

Нашите извори велат дека ДУИ биле категорично против активно да се регистрираат гласачите со оглед на тоа што голем број нивни гласачи не биле постојано во Македонија и на тој начин би загубиле дел од гласачкото тело.
СДСМ иако обвинуваше за неправилности во избирачкиот список се согласиле да го прифатат барањето на ДУИ и да се изврши „килава“ проверка на избирачкиот список, во замена за поддршката од албанската владејачка партија, дијаспората да не добие право на глас.
Заев и самиот призна дека ќе направи се, за да не дозволи, ВМРО-ДПМНЕ да ги почне изборите со 3:0, добивајќи ги сите тројца пратеници од дијаспората, пракса која е присутна на сите изборни циклуси од воведувањето на гласањето на дијаспората.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партијата нема ништо против да се изврши активна регистрација на гласачите за да му не им се остави простор на социјалдемократите да обвинуваат за изборни неправилности по се поизвесниот пораз на изборите во април.

 

Останува нејасно зошто СДСМ наводните 150.000 гласа ги замени за само 3 пратенички места. Експертите велат дека откажувањето на СДСМ од активната регистрација е само уште еден доказ дека последните избори поминале регуларно, а обвинувањата на СДСМ доаѓаат само како обид да се префрли одговорноста за тешкиот изборен пораз.

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега