И ФФМ ја потврди информацијата за македонски фудбалски репрезентативец кој падна на допинг тестот
Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Динамо Загреб, Аријан Адеми паднал на допинг тест направен по дуелот меѓу Динамо Загреб и Арсенал во ЛШ.
Македонскиот репрезентативец беше дел од тимот што приреди големо изненадување победувајќи го Арсенал, но победата паѓа во втор план откако Адеми не успеал да го мине допинг-тестот. Овој фудбалер веќе го напуштил собирот на репрезентацијата и се вратил во Загреб.
- Запознаени сме со резултатите од допинг контролата по мечот со Арсенал и знааме дека нашиот фудбалер Аријан Адеми бил позитивен на тестот, а УЕФА покрена постапка против него. Според правилата, Динамо не смее да коментира додека трае дисциплинскаста постапка и додека не бидат готови резултатите од Б примерокот. Сакаме да истакнеме дека Аријан Адеми во последната година шест пати бил тестиран и секогаш бил негативен. Исто така, сите наши фудбалери од почетокот на сезонава во неколку наврати минаа допинг-тестови и сите резултати беа негативни, се вели во соопштение ставено на интернет страницата на клубот.
Информацијата беше потврдена и од страна на Фудбалската Федерација на Македонија, а тоа значи дека Адеми ќе ги пропушти претстојните квалификациски мечеви против Украина и Белорусија
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа