Албанците пишуваат историја - цените на билетите за мечот со Србија достигнаа 500 евра

 

Вистинска грозница владее за мечот меѓу Албанија и Србија, а на црно билетите чинат и по 500 евра. Дуелот се игра во Елбасан во четврток на 8. октомври и значи многу повеќе од обичен фудбалски квалификациски меч.

Албанија со победа има големи шанси директно да патува на ЕП и тоа за првпат во историјата, а за Србија натпреварот нема резултатско значење, но значи многу за престиж.

На првиот меч имаше невидени инциденти во фудбалската историја на квалификациските дуели, се појави дрон на стадионот „ЈНА“ раководен од Албанци со знамето на Голема Албанија, па имаше и нереди. Тој меч кулминираше со прекин, а службено го доби Албанија. Патем Србите беа казнети со минус од три бода и немаат шанса за пласман на ЕП во Франција следната година.

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега