Албанските навивачи се заканија со нереди на мечот со Србија
Навивачите на Албанија испратиле отворено писмо до премиерот Еди Рама и Фудбалскиот сојуз на таа земја во кое ги обвинуваат дека со одлуките кои ги носат уште повеќе предизвикуваат револт кај навивачите.
Според навивачите на Албанија, скандалозна е одлуката да не им се дозволи да носат црвено-црна облека на мечот, бидејќо такво нешто не се случува никаде во светот.
Тие воедно бараат да се укине одлуката со која на Исмаил Морина (човекот кој го пушти дронот во Белград) му е забранет влезот на стадион. Тие велат дека се кршат правата на навивачите на Албанија, бидејќи во таа земја никаква судска постапка нема против Морина.
-Доколку не ни дозволите да внесеме национални обележја, реакцијата на навивачите ќе биде последица на вашите постапки и ваша одговорност, се вели во писмото до Еди Рама и Фудбалскиот сојуз на таа земја.
Мечот помеѓу Србија и Албанија се игра на 8.октомври во Елбасан со почеток во 20:45 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа