Овие неверојатните рекорди ја одбележаа историјата на фудбалот

 

Кристијано Роналдо со своите последни голови во Лигата на шампионите стана најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид, а Левандовски ужива во одличната голгетерска форма.

Но, покрај новите рекорди за кои се зборува во изминатите неколку денови, постојат уште некои за кои можеби не сте знаеле.

1. Клуб 1000

Легендарниот Пеле освои три Светски првенства со Бразил и се смета за најдобар фудбалер на сите времиња. Покрај тоа, го држи рекордот на најмногу постигнати голови во текот на кариерата. Пеле постигнал 1.279 голови на 1.363 натпревари.

 2. Најмногу голови на еден меч

Џин Калтак постигнал 16 голови за Вануату во победата на неговата репрезентација од 46:0 над Микронезија. Сепак, за жал неговиот рекорд не се признава бидејќи головите ги постигнал на турнир за репрезентации за играчи до 23 години. Рекордот кој е признаен е оној на Арчи Томпсон од 13 голови во дресот на Австралија на мечот против Американска Самоа во победата од 31:0.

3. Најбрз гол

Нафат Ал Абед, се верува дека го држи рекордот за најбрз постигнат гол и тоа за само 2,4 секунди со удар од 60 метри од противничкиот гол.

4. Хет-трик

Играчот на Саутемптон Саудио Мане најверојатно го постигнал најбрзиот хет трик во историјата на англиската лига. За три гола му биле потребни само две минути и 56 секунди. Но, тоа е една минута поспоро од најбрзиот хет-трик на сите времиња. Томи Рос успеал да го направи во 1964-та година за само 90 секунди

5. Автоголови

Играчите на Олимпик од Мадагаскар постигнале неверојатни 149 автоголови на мечот од националната лига против АС Адама. Тоа го направиле намерно поради протест кон една судиска одлука, пишува Би-Би-Си.

 

 

Оцени ја веста

03.10.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега