Кличко против Фјури на 28.ноември
Мечот за титулата во тешка категорија во бокс помеѓу шампионот Владимир Кличко и Тајсон Фјури ќе се одржи на 28.ноември во Дизелдорф.
Борбата првично беше закажана за 24.октомври, но е одложена бидејќи Кличко на тренингот ја скинал тетивата на листот од левата нога.
Украинецот во петокот соопшти дека ќе заздрави многу брзо и дека ќе може да влезе во рингот на 28.ноември.
Кличко има 39 години, а повеќе од една деценија нема пораз. Во својата кариера забележал 64 победи и три порази, со 54 нокаути, а важи за апсолутен шампион во тешка категорија.
Фјури нема пораз на своите 24 борби, на кои 18 пати победил со нокаут. Британецот сака да стане првиот боксер кој го победил Кличко уште од април 2004-та кога загуби од Лејмон Брустер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа