Доријан Бабунски кај Мориентес во трета лига
Македонскиот младински репрезентативец Доријан Бабунски ќе го носи дресот на шпанскиот третолигаш Фуенлабрада.
Ова го објави шпанскиот тим на својата официјална интернет страница кој Македонецот го ангажира како слободен играч. Младиот 19-годишен напаѓач извесно време беше без клуб, но тренерот на третолигашот Фуенлабрада, легендарниот Фернандо Мориентес одлучи да го ангажира Македонецот.
Квалитетите на нашиот интернационалец добро му се познати на Мориентес со оглед на тоа дека му беше тренер во младинскот тим на Реал Мадрид.
Дориан Бабунски беше член на младите категории на „Кралскиот клуб“ од 2011-та година, поточно од својата 15-та година, а дојде од тимот на Корнеља.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа