Билетите за дуелот Македонија-Украина од 100 до 300 денари
Македонската А репрезентација на 9. октомври во 20.45 часот на Националната арена „Филип Втори“ против Украина го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Поголемиот број на билети за последниот домашен натпревар од тековните квалификации се по супер промотивна цена од 100 до 300 денари.
Билетите можат да се набават во продажната мрежа на МК Тикетс -https://karti.com.mk/makedonija-ukraina.nspx.
Покрај опцијата за лесно и брзо купување по електронски пат, карти може да купите и во салоните на:
- ONE
- Југотон
- Тобако Гоги - Драчево
- Тобако МПМ ПРЕС
- билетарата на Универзална Сала
Билети ќе се продаваат и во Фудбалска Федерација на Македонија, во периодот од 05. до 08. октомври, 2015 г. со работно време од 08.30 до 16.00 ч.
Билетарата на Национална Арена ќе биде отворена на денот на натпреварот - 09. октомври, 2015 г. и таму билети ќе можат да се купат од 12.00 до 20.30 ч.
За купување на билети ќе треба да приложите лична карта. Со една лична карта можат да бидат купени највеќе 5 билети.
Влезовите на националната арена на денот на натпреварот ќе бидат отворени од 18.45 до 21.00 ч.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа