ВИДЕО: Мајстор - цела планета зборува за овој неверојатен удар на Ноле
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ изведе неверојатен удар на тренингот во Белград по кој следеше бурна реакција.
Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во родниот Белград каде одмора пред азиската турнеја, а враќањето во главниот град го искористи за да одржи неколку предавања.
Се дружеше со најмладите тенисери и заедно со Борис Бекер и сопругата Јелена во Југословенскиот драмски театар ја претстави својата фондација.
Ноле полека се подготвува за турнирите во Пекинг и Шангај, а со потегот на тренингот ја воодушеви Марјана Вајд и Ненад Зимониќ.
Првиот турнир ќе биде оној во Пекинг на четврти октомври, додека два дена претходно ќе одигра егзибиционен меч против Рафаел Надал на Тајланд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа